Продавниците во Словенија нема да работат во недела и за празници

164

Продавниците во Словенија во недела и за празници нема да работат. Со најновите измени на законот за трговија, продавниците во недела и за време на празници ќе бидат затворени.

Оваа одлука нема да важи за продажни објекти до 200 квадратни метри на бензински пумпи, гранични премини, пристаништа, аеродроми, железнички и автобуски станици, болници и слично.

Прашањето дали треба продавниците да бидат затворени во Словенија е актуелно неколку децении. Во септември 2003-та година, беше организиран и референдум за тоа и доби поддршка од над 57% од гласачите.

Фото: Pexels