Продажбата на автомобили „лада“ во Русија се зголемила за 92,2 отсто во првите шест месеци

Продажбата на автомобили Лада во Русија е зголемена за 92,2 отсто на годишно ниво во првите шест месеци, објави производителот на автомобили „Автоваз“.

Во овој период се продадени 143.600 возила Лада, пренесува ТАСС. Само во јуни се продадени 27.839 возила Лада, што е за 272 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Во првата половина од годината „Автоваз“ произведе 135.000 возила, што е за 48,7 отсто повеќе на годишно ниво.