Продажбата на автомобили во Кина паѓа шести месец по ред

Продажбата на автомобили во Кина се намали во март, шестиот последователен месец на пад, објави денес Кинеската асоцијација на производители на патнички автомобили.

На ова најмногу влијаеше зголемувањето на цените на горивата, што се одрази на побарувачката за бензински модели, објави Ројтерс.

Од друга страна, продажбата на електрични возила останува ранлива на намалени стимулации во време кога економското закрепнување на Кина забавува.

Според податоците, продажбата се намалила за 15,2 проценти во споредба со претходната година, на 1,67 милиони возила минатиот месец.

Продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување се намалила за 15,7 проценти во споредба со претходната година. Тоа е повеќе од падот од 13,4 проценти во првите два месеци, дури и кога Кина го ограничи зголемувањето на домашните цени на горивата за да го ублажи влијанието од зголемувањето на цените на нафтата, објави Танјуг.