Продажбата на автомобили во Кина за 79% пониска во февруари

22

Продажбата на автомобили во Кина, во текот на февруари, е намалена за 79%. Ова е најголм пад на месечно ниво, покажуваат податоците на Кинеското здружение на производители на автомобили.

Продажбата на автомобили во Кина во текот на минатиот месец се врати на ниво, што не е забележано од 2005 година.

Кога станува збор за продажбата на нови електрични возила, таа бележи пад осум месеци по ред.

Се верува дека продажбата најверојатно ќе се намали за повеќе од 10% во првата половина од годината, а бидејќи епидемијата е неутрализирана во Кина пред април, падот би можел да биде околу 5% на годишно ниво.

Фото: Pexels