Продажбата на LVMH подобра од времето пред пандемијата

22

Продажбата на луксузни производи во рамки на конгломератот LVMH во првите три месеци од оваа година имаше огромен раст, надминувајќи го истиот период во 2019 година.

Во одделот за мода и производи од кожа, продажбата се зголеми за 52% во споредба со првите три месеци од минатата година, пренесува Bloomberg. Аналитичарите очекуваа раст од 30%. Во услови на криза, најдобри резултати покажуваат брендови како што се Dior и Louis Vuitton.

Вкупните приходи на компанијата се зголемија за околу 30% на нешто повеќе од 14 милијарди евра, иако се очекуваше тие да изнесуваат 12,7 милијарди евра.

Пазарите во САД и Азија забележаа голем раст, што не е случај со Европа којашто е силно погодена од пандемијата.

Акциите на LVMH минатата година, иако беше означена како пандемиска кризна година, забележаа пораст од 71%.

Фото: Pexels