Глобалната продажба на паметни телефони ќе почне повторно да расте од 2024 година, пред сè поради развојот на вештачката интелигенција (ВИ), според посебните прогнози на инвестициските банки Морган Стенли и Голдман Сакс.
Морган Стенли предвидува дека глобалната продажба на паметни телефони ќе порасне за речиси четири отсто во 2024 година и за дополнителни 4,4 отсто во 2025 година, пишува TechCrunch.
Оваа банка смета дека продажбата на паметни телефони ќе закрепне од долгорочниот пад пред сè поради новите можности поврзани со примената на вештачката интелигенција во мобилните уреди – од подобрување на квалитетот на фотографиите до препознавање на јазикот што се зборува.