Продажбата на половни возила во Хрватска порасна за 215%

60

koli

Во првите шест месеци од оваа година, во Хрватска се регистрирани 21.133 нови возила, што е за 5.749 повеќе, или 37,4% во однос на истиот период лани.

Значително поголем раст на меѓугодишно ниво е забележан кај купување на половни возила, кај кои е остварен раст од 214,9%, со оглед на тоа што во првата половина на минатата година се регистрирани 5.845 возила, додека во истиот период оваа година таа бројка е 18.407.

Со тоа трендот на купување половни возила, што започна со влезот на Хрватска во ЕУ, продолжи во првите шест месеци од оваа година. Возилата што се увезуваат во Хрватска се постари од десет години, што автоматски ја зголемува просечната старост на возилата во земјата, јавува Слободна Далмација.