Продажбата на Renault падна за 33,5%

41

Продажбата на нови автомобили во Франција стрмоглаво опадна за 19,2% во однос на претходниот месец, додека во периодот од 11 месеци годинава, заклучно со ноември, опаднала за 13,9%, покажуваат податоците на француското здружение на произведувачи на автомобили.

Во ноември месец во Франција се регистрирани вкупно 144.694 нови автомобили, стои во соопштението.

Најголем пад во продажбата во Франција имаат француските произведувачи. Продажбата на Peugeot Citroen паднала за 22,9%, а на Renault за 33,5%.

Странските брендови забележале послаб пад на продажбата, во просек од 7,9%. Најголем раст меѓу нив забележала јужнокорејската Hyundai – Kia за 20,5%, а потоа следува Daimler со зголемена продажба за 13,8%.

Во здружението очекуваат за цела 2012 година вкупната продажба на нови возила во Франција да падне за 14%.