Продажбата на Seat се зголеми за 25% во последните три години

6

SEAT 1

Автомобилскиот бренд Seat ја заврши 2015 година со зголемена продажба. Ова е трета година по ред како брендот ги зголемува своите продажни резултати. Испораките ја пробија бариерата од 400.000 возила во една година.

Минатата година беа испорачани 400.037 возила со што забележано е зголемување од 2,4% во споредба со претходната година. Во 2012 година беа испорачани 321.000 возила, а 2015 година беше трета година по ред како брендот ја зголемува продажбата, кумулативно кај испораките забележан е раст од 25%. Ова е најдобриот продажен резултат на последните осум години. Претседателот на одборот на Seat, Лука де Мео ги достави годишните резултати по повод првиот состанок на одборот, под наслов Квалитет: фактор за успехот на шпанската индустрија. Зголемувањето на продажбата е резултат на одличните продажби на европскиот пазар.

“Акцентот оваа година ќе биде на промоцијата на првиот SUV во историјата на Seat. Возилото треба да се појави во салоните на Seat кон средината на годината. Новиот SUV ќе биде придружуван од уште три нови модели во 2016 и 2017 година. Новиот SUV ќе стане третиот најважен столб на брендот, заедно со Leon и Ibiza и ќе ни овозможи да го покриеме најбрзо растечкиот сегмент во последниве години”, изјави Лука де Мео.

Директорот за квалитет во Seat, Жоакин Сера нагласи дека брендот е во можност да ја подобри конкурентноста преку континуираното подобрување на квалитетот.

“Дизајнот, квалитетот и ефикасноста се клучни елементи. Секторот за квалитет е вклучен во целост од дизајнирање на автомобилот, преку производството на истиот, до продажната и постпродажната услуга. Предизвик за целиот тим на нашиот сектор е да го направи Seat карактеристичен бренд со индустриска совршеност“, додаде тој.