Продажбата на шампањ лани се намали за 18%

57

Продажбата на шампањ во 2020 година е намалена за 18%, а како причина за падот се наведуваат рестриктивните мерки поради пандемијата и затворање на баровите и рестораните ширум светот. Сепак, падот е помал од очекуваното, благодарение на зголемената побарувачка на крајот на годината, соопшти француското здружеие на производители на шампањ.

Падот на продажбата одговара на количина од 245 милиони шишиња, што е помалку во однос на 300 милиони непродадени во 2019 година, пренесува Ројтерс.

Во вредносна смисла, според првичните проекции, продажбата на шампањ лани се намали за околу милијарда евра, на околу четири милијарди евра.

По воведување на рестриктивните мерки заради сузбивање на коронавирусот, ова здружение предвидува дека годишниот обем на продажба ќе се намали за околу една третина, а вредноста на продажбата е за 1,7 милијарди долари.

Фото: Freepik