Продажбата на станови во ЕУ падна минатата година

53

Во повеќето земји од Европската унија, продажбата на станови падна минатата година, по скокот што беше забележан во речиси сите земји-членки во текот на 2021 година, објави Евростат.
Најголемо намалување на продажбата во 2022 година има во Данска, каде што 31,6 отсто од имотите биле продадени помалку од претходната година, потоа во Финска (пад од 16,6 отсто), Холандија (исто така околу 16 отсто) и Луксембург (намалување од 15 отсто).

За разлика од тие земји, најголем раст на бројот на продадени станови во ЕУ е забележан во Кипар (27,4 отсто), Ирска (7,7 отсто) и Шпанија (шест отсто).

Од почетокот на пандемијата, пазарот на недвижности е нестабилен. Во 2020 година, поради вонредните пандемични мерки и „заклучувања“, продажбата на станови падна, при што само четири земји од ЕУ – Данска, Финска, Холандија и Австрија – забележаа пораст на продажбата во тоа време.

После тоа, продажбата се зголеми и имаше „бум“ на пазарот во 2021 година, кога беа остварени повисоки стапки на раст, а најголем раст има во Шпанија (39,3 проценти) и Бугарија (39 проценти).

Фото: Pixabay