Продажбата на Tesla во Кина падна за речиси 70% во јули

75

Продажбата на возила Tesla во Кина нагло опадна во јули, се наведува во извештајот на Кинеската асоцијација на дилери на автомобили (CPCA), кој, според CNN, сугерира дека американската компанија губи предност на најголемиот светски пазар за традиционални и електрични возила.

Оваа вест доаѓа еден месец откако најлуксузниот и најскапиот модел, Tesla Model S, изгоре на улиците во Филаделфија, што, очигледно, ја разбуди јавноста и ја намали довербата во оваа компанија. Според CPCA, продажбата на Tesla во Кина паднала за речиси 70% во јули во споредба со претходниот месец, на 8.621 продадени автомобили.

Сепак, извозот на автомобили произведени во фабриката на Теsla во Шангај скокна на 24.347 единици минатиот месец од 5.017 автомобили извезени во јуни. Тоа значи дека вкупната продажба на возила Теsla произведени во Кина генерално падна за помалку од 1,0 %, наведува CNN.

Критичарите велат дека остриот пад на продажбата на кинески клиенти е уште еден сигнал за растечките проблеми со кои се соочува Теsla во земјата. Во тој контекст, тие го наведуваат зајакнување на конкуренцијата на кинеските производители на електрични возила и лошиот публицитет што го следеше Теsla во последно време, вклучително и повлекување на речиси сите автомобили произведени во Шангај.

Фото: Pixabay