Продажбата на тестенини во Италија зголемена за над 65%

42

Италија се соочува со сериозен предизвик поради големиот број на заболени од коронавирус. Во исто време, населението мора да се прилагодува и да го менува начинот на живот.

Според статистиките, пред пандемијата 10,4% од Италијанците ручале надвор од дома скоро секој ден. Сега веќе мора да остануваат во своите домови и оброците да ги подготвуваат со своите блиски. Продажбата на тестенини, како што покажуваат истражувањата, од деветти до 15-ти март, е зголемена за 65,3% во однос на истиот период минатата година.

Пораст на продажбата, освен за тестенини, има и за млеко, туна во конзерва, ракавици за домашна употреба, детергенти и алкохол.

Жителите на Италија се под карантин до трети април, но се очекува истиот да биде продолжен.

Фото: Pixabay