Продажбата на Volkswagen пониска за над 15%

27
Model car vintage

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen (VW) во текот на минатата година продал 15,1% помалку патнички возила во споредба со една година претходно.

VW на купувачите ширум светот лани им испорача 5,32 милиони возила, што е скоро за милион помалку одошто во 2019 година.

Во Кина, каде што пандемијата беше ставена под контрола, падот на продажбата е значително помал и изнесува 9,9%.

Добри вести доаѓаат од сегментот електрични и хибридни возила за коишто побарувачката расте, а тоа е случај кај скоро сите автомобилски производители.

Минатата година, VW за трипати ја зголеми испораката на целосно електрични возила, додека кај хибридните има двојно зголемување.

Фото: Freepik