Продажбата на возила на Tesla во Европа се намали за 40 %, BYD забележа раст од 225 %

Во јули, американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ го забележа седмиот последователен месец на пад на продажбата на своите возила во Европа, додека кинескиот конкурент BYD продолжува со својата агресивна експанзија на Стариот континент, според податоците објавени денес од Здружението на европски производители на автомобили (ACEA).

Според официјалната статистика, во јули во Европа се регистрирани 8.837 нови возила „Тесла“, што е за 40 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Спротивно на тоа, BYD имаше 13.503 нови регистрации, што претставува годишен раст од дури 225 проценти.

Вкупната продажба на електрични автомобили во Европа расте, што укажува дека „Тесла“ губи пазарен удел.