Продажни цени на индустриски производи во јуни

27

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јуни оваа година, се пониски за 0,4% на месечно ниво, а се повисоки за 1,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2019, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,8%, а во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1%.

Во јуни 2019, во споредба со јуни 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,8%.

Фото: Pixabay