Продажни цени на индустриски производи во октомври

40

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври, се пониски за 0,4% на месечно ниво, а се повисоки за 4,6% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2019, во споредба со септември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1%.

Во октомври 2019, во споредба со октомври 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,8% и во секторот Преработувачка индустрија за 5,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,5%.

Фото: Pixabay