Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се пониски за 0,3% на месечно ниво и за 2,8% на годишно ниво.
Во јануари 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,3%, а пониски се во секторот Преработувачка индустрија за 0,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3%.
Во јануари 2014, во споредба со јануари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,2%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,2%.