Продажните цени во трговијата на мало ќе продолжат да растат

35

Фото: Pixabay

Индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2018 година е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, и 0,9 процентни поени во однос на истото тримесечје лани, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.

Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на истиот период лани. Очекувањата се дека и во наредните две тримесечја економската состојба ќе биде поповолна. Количeството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во второто тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на првото тримесечје, а и оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолнa, па оттука и очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе расте.

Продажните цени во второто тримесечје од 2018 година минимално се зголемиле во однос на првото тримесечје од 2018 година, а се очекува нивно зголемување и во наредните 3 месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2018 година имале: зголемената конкуренција на пазарот со 23,3 %, слабата побарувачка од купувачите со 22,7 %, зголемената понуда на пазарот со 16,5 % и недостигот на обучен кадар со 15,8 %.