Продис ги пласираше своите производи во македонските маркети и аптеки

73

caevi-520x277Производите на македонско-руската компанија Продис веќе се наоѓаат на македонскиот пазар.

Дел од нив се седум вида конвенционални и органски житарки под трговското име Данкад, органски пченкарни снегулки, органски мусли со житарки, органски мусли со овошје, органски овесни снегулки, интегрални снегулки од ориз и пченица и интегрални снегулки од ориз и пченица збогатени со црвени плодови.

Продис која пред неколку месеци почна да работи во технолошко-индустриската зона Бунарџик, соопшти дека на пазарот ќе го пласира и својот широк спектар сертифицирани чаеви под брендот Максан.

“Девет вида се конвенционални чаеви од камилица, нане, коприва, липа, шипка со хибискус, мајчина душичка, оригано, зелен чај, а пет се сертифицирани органски од камилица, коприва, нане, липа и шипка со хибискус”, велат од компанијата.

Продис неодамна го реализираше и првиот извоз на рускиот пазар.