Продолжен рокот на Хипо банка за продажба на филијалите на Балканот

29

hypo_bankaХипо Група Алпе Адриа доби повеќе време од Брисел за продажба на ќерките фирми во регионот на југоисточна Европа, пишуваат словенечките медиуми. Иако неодамна европскиот комесар за конкурентност Хоакин Алмуња наложуваше овие филијали да бидат продадени до крајот на годинава, рокот е продолжен до 2015 година.

Станува збор за 260 филијали и 4.800 вработени во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Вкупната вредност на банките е околу 1,5 милијарди евра.

Минатата недела, извршниот директор на банката, Готвалд Кранебитер, поднесе неотповиклива оставка, и тоа само неколку дена откако Австрија и поднесе на Европската комисија нов предлог за реструктуирање.

Менаџерскиот договор на Кранебитер требаше да истече во 2016 година. Банката пред еден месец ја напушти и претседателот на Управата, Јоханес Дитц, кој поднесе оставка затоа што не се согласуваше со предлогот за реструктуирање.