Продолжен рокот за доставување понуди за приватизирање на Танјуг

48

tanjug

Агенцијата за приватизација на Србија го продолжи рокот за собирање на понуди за приватизација на новинската агенција Танјуг до 11-ти август, пишува РТС.

Отворањето на понудите ќе биде на 13-ти август во просториите на тамошната Агенција за приватизација.

Агенцијата на крајот на јуни упати јавен повик за собирање на понуди за приватизација на новинската агенција Танјуг. Во огласот се наведува дека Република Србија продава 100% од уделот во сопственост на Танјуг, а според оценките на овластените проценители, вредноста на капиталот е 760.936 евра.