Продолжен рокот за користење насади со лешници

19

На вкупно 70 години е продолжен рокот за користење насади со лешници на државно земјиште, со цел да се стимулираа земјоделците за долгорочно производство на ова растение.

Рокот е продолжен за дополнителни 40 години, бидејќи досега Законот дозволуваше 30 годишно користење на насадите со лешници.

Побарувачката на лешникот е дефицитарна во домашната понуда, па за да се мотивираат актуелните производители, но и за да се појават нови, се активира оваа мерка.