Продолжено работно време на канцелариите на УЈП во Аеродром и Ѓорче Петров

17

Заради регистрација на граѓаните на системот е-ПДД и прием на барањата за регистрација, канцелариите на Управата за јавни приходи, лоцирани во општините Аеродром (општинска зграда II кат) и Ѓорче Петров (зграда на Урбана заедница Ѓорче Петров кај полициската станица) од 10.12.2018 година до крајот на годината ќе работат со продолжено работно време до 18 часот.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 (само од фиксни оператори) или 02/3253 200.