Цените на нафтата повторно растат, делумно поради ниските температури во САД поради што се затворени рафинериите во Тексас.
Во Њујорк цената на сировата нафта е повисока за 36 центи или 0,63% на 59,83 долари за барел.
Во Лондон цената на брент нафтата од Северното море е пониска за 20 центи или 20% и изнесува 63,10 долари по барел, но и понатаму е близу до највисокиот износ во последните 13 месеци.
Аналитичарите проценуваат дека во САД ќе биде прекинато производството меѓу 500.000 и 1,2 милиони барели сирова нафта поради ниските температури.
Загриженоста поради испораката на нафта од Блискиот исток, исто така, е во пораст откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека уништила дрон полн со експлозив, којшто бил на пат кон најголемиот светски производител на нафта.
Фото: Pexels