Продолжува падот на продажбата на автомобили во ЕУ

12

Продажбата на нови автомобили во Европската унија опаѓа веќе 12 месеци по ред. Изминатиот месец произведувачите на автомобили во ЕУ запишале 1,1 милиони нови регистрации, додека од почетокот на годината се продадени 9,4 милиони нови автомобили. Во месец септември, побарувачката во земјите од Унијата паднала за 10,8% во однос на истиот месец минатата година, што е најголем пад во последните 12 месеци.

Од водечките пазари, раст во продажбата е остварен само во Велика Британија и тоа за дури 8,2% во однос на истиот месец минатата година.

Во најголемата економија во еврозоната, Германија, продажбата опаднала за 10,9%, во Франција за 17,9%, Италија за 25,7%, а во Шпанија за дури 36,8%.