Продолжува промотивната кампања на НЛБ Тутунска банка за кредити на физички лица

23

nlb

НЛБ Тутунска банка ја продолжува промотивната кампања за кредитите за физички лица до 31.07.2015 година.

Во рамки на кампањата, сите новоодобрени кредити се без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на кредитите со обезбедување хипотека на недвижен имот.

Исто така, продолжува понудата за промотивниот виолетов потрошувачки кредит до 900.000 денари, со најниска каматна стапка од само 6% фиксна за првата година и 8,5% променлива за остатокот од периодот.