Продолжува штрајкот на загрепскиот аеродром

14

strajkШтрајкот на вработените на Аеродром Загреб продолжува и денес. Координацијата на синдикатите се уште не го добила концесискиот договор на увид и не сакаат во постапката за концесионирање да влезат без јасна ситуација. Бараат јасно да се утврди кој е работодавец и предупредуваат дека трансферирањето на вработените во други претпријатија е незаконско. Тоа е можно само со согласност од синдикатот, а управата на Аеродром Загреб ги игнорира. Координацијата бара Управата на Аеродром Загреб писмено да го информира Работничкиот совет дека се откажува од префрлување на 900 работници по автоматизам во Меѓународен аеродром Загреб, односно фирмата ќерка што треба да се формира.

Со соопштение се јави и Меѓународен аеродром Загреб, фирма што ја основа францускиот концесионер ZAIC за управување со загрепскиот аеродром, истакнувајќи дека се изненадени од штрајкот затоа што работните места и континуитетот на стекнатите права им се загарантирани на сите вработени, пренесуваат хрватските медиуми.

За развојот на настаните, јавноста ќе биде известувана преку соопштенија на официјалната интернет страница www.zagreb-airport.hr, во координација со авиопревозниците.

Фото: Б. Коњевиќ, Cropix