Проект за надградба на системот за идентификација на земјишни парцели

21

zemjodelieМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и евроамбасадорот Аиво Орав денеска ќе присуствуваат на официјалното започнување на проектот Дополнителна надградба на системот за идентификација на земјишни парцели во рамките на Интегрираниот систем за администрирање и контрола.

Овој проектот чини 700.000 евра и ќе трае се до јануари 2014, а е финансиран во рамките од Инструментот за претпристапната помош (ИПА 2009) на Европската унија.

Негова цел е да помогне во воспоставувањето на националните системи усогласени со ЕУ системите за регистрирање обработливо земјиште и проверка на апликации за финансиска поддршка.