Проект за вклучување на работниците во менаџирањето

82

0,,15641702_303,00Бизнис конфедерацијата на Македонија во соработка со Сојузот на синдикати на Македонија почнува со реализација на проект за вклучување на работниците во менаџирањето на компаниите.

Очекувањата на двете организации се дека со имплементацијата на проектот ќе се подигне свеста кај работодавачите за поголемо вклучување на работниците во управувањето на компаниите, а од друга страна дека работниците ќе ги збогатат своите знаења за нивното влијание во работата на компаниите.

“Во Македонија постои општ колективен договор и повеќе закони кои ги гарантираат правата на работниците, меѓутоа со самиот влез во слободната пазарна економија и со самата транзиција, трансферот на менаџерското управување е се уште недоволен за да може целосно да ги вклучи работниците во управувањето на компаниите. За да постои заедничко управување на работниците во компаниите треба да постои поголема менаџерска и организациска свест во компаниите”, истакна извршниот претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија Миле Бошков.

Во Словенија, чии експерти денес ги презентираат своите искуства, овој процес на вклучување на работниците во управувањето на компаниите веќе дава позитивни резултати.

“Работодавачите се уверија дека вклучувањето на работниците во процесот на управување е позитивно затоа што со тоа нивните одлуки даваат легитимност и транспарентност што, пак, гарантира мир во компанијата и прифаќање на одлуките од страна на вработените”, изјави Анже Хиршл од Здружението на работодавачи на Словенија.

Според словенечките експерти, социјалниот дијалог во голема мерка помага во остварувањето на овие цели.