Проекти на царината за интегрирана тарифна околина

42

Во хотелот Континентал со почеток во 11 часот ќе се одржи настан за официјално започнување на двата проекти финансирани од Европската Унија во областа на Интегрирана тарифна околина.

Интегрираната тарифна околина претставува бизнис концепт што ги групира повеќето компјутерски системи кои служат за размена на информации помеѓу Европската комисија и земјите – членки на ЕУ. Главна цел на проектот е да ги усогласи царинските ИТ системи со соодветните тарифни системи што ја сочинуваат ИТО на Европската Унија.

Со овој проект Царинската управа прави уште еден чекор во процесот на реформите кон Европската Унија.

На настанот ќе се обратат директорот на Царинската управа  Ванчо Каргов и Шефот на делегацијата на Европската Унија Аиво Орав по што ќе следи кратка презентација на проектите.