Кинескиот гигант за е-трговија Alibaba соопшти дека профит на компанијата паднал за 59 отсто во последната фискална година, како резултат на ограничувањата наметнати на пандемијата Ковид 19, што ја чувствува целиот технолошки сектор.
Alibaba се соочува и со зголемена конкуренција и сеопфатни регулаторни дејствија против монополските пазарни практики на кинеските технолошки гиганти, поради страв дека големите интернет компании ќе контролираат премногу податоци и ќе се шират пребрзо, пренесува Срна.
Бизнис групацијата, со седиште во градот Хангжу, објави дека нејзиниот годишен профит паднал на 9,8 милијарди долари, пренесе АП.