
Групацијата Emirates објави дека нејзината добивка во првите шест месеци се зголемила за 138 отсто на годишно ниво на 10,1 милијарди дирхами или 2,75 милијарди долари.
Според соопштението, приходите на групацијата Емирати од јануари до јуни изнесуваат 67,3 милијарди дирхами, што е за 20 отсто повеќе во однос на истиот период лани, пишува CNBC.
Растот на профитот и приходите е последица на зголемената побарувачка за меѓународни патувања по пандемијата на корона вирусот.
Emirates Group, државната холдинг компанија со седиште во Дубаи, чијшто авиопревозник Emirates е подружница, исто така објави дека нејзината EBITDA – заработка пред камата, данок и амортизација – за периодот изнесува 20,6 милијарди дирхами.