Прогласени најуспешните жени менаџерки за 2012

71

Young serious business woman and team. Over white background.Во хотелот Континетал во Скопје во организација на агенцијата Марили беа вчера беа прогласени 10-те најуспешни жени менаџерки за 2012 година.

Па така за најдобри менаџерки беа прогласени  Нина Ангеловска, генерален менаџер на Принц Маркети од Скопје, Радмила Чобанова-Василевска, менаџер на сектор за контрола на квалитет, Бимилк од Битола, Ана Велковска генерален менаџер на Канди шпед од Скопје, Радмила Димовска генерален менаџер на Круна МС од Скопје, Емилија Зографска менаџер во оддел за односи со јавност во Оne, Славица Илијеска генерален менаџер на ресторани Македонска куќа од Скопје, Силвана Петровска менаџер за ЉПС и инженеринг на трошоци Вабтек МЗТ АД Скопје, Лидија Станчевска генерален менаџер во Нет Прес, Шпреза Цапа извршен менаџер во АД Дебарски бањи-Цапа, Драгана Чифлиганец извршен менаџер во АДОРА Инженеринг.

Специјално признание и беше доделено на Есма Реџепова, по повод 55 годишниот јубилеј.

На настанот се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, охрабрувајќи ги сите жени да работат на сопственото градење на личноста без предрасуди.

“Сигурни во сопствените можности и знаења и похрабро зачекорете во светот на бизнисот и претприемништвото. Едноставно бидете жени со амбиции. Жените се моќни, самоуверени и цврсто чекорат во светот кој до вчера беше резрвиран само за мажите. Еден од можните правци на развој, кој за жал е препознаен дури во последната  деценија на минатиот век е користењето на важниот извор на  економски раст – женското претприемништво”, истакна Канческа-Милевска.

Сопруга на претседателот Ѓорѓе Иванов, Маја Иванова беше почесен гостин на манифестацијата.

На настанот се одржа и модна ревија, подготвена специјално за оваа прилика со приказната за Малата бела кошула дизајнирана од Снежана Јаначкоска-Богдановска. Моделите беа изработени од модната конфекција Албатрос од Штип.

Манифестацијата Избор на 10-те најуспешни жени менаџерки има за цел да се промовираат вистинските вредности и позитивни примери во областа на бизнисот. Успешните менаџерки се од најразлични области и дејности во економијата и се избрани според претходно утврдени критериуми.