Прогласување на најдобри ресторани во Скопје 2012

29

Во Големата сала за седници на Советот на Град Скопје, денес ќе се одржи прогласување на најдобри угостители, ресторани и гостилници на територијата на градот, за оваа година.

Проектот Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите, кој е во соработка со SWOT RESEARCH, Агенција специјализирана за мистери шопинг, Град Скопје годинава ќе го реализира по петти пат.

На свеченоста, најдобрите угостители за 2012 година ќе добијат признанија, кои ќе им ги врачи лично градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.