Министерството за економија денес ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис-планови во рамки на проектот Организирање натпревар за започнување бизнис.
Овој проект имаше за цел да го поттикне претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отворање сопствен бизнис.
Прогласувањето на победниците ќе се одржи во хотелот Алексанадар Палас, а на настанот ќе се обрати министерот за економија Ваљон Сараќини, кој ќе ги додели ваучерите за најдобрите четири бизнис-планови за 2013 година.
На настанот ќе присуствуваат и ректорите на УКИМ, Велимир Стојковски и на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети.