Произведени 241 милиони киловат-часови електрична енергија во ХЕЦ Шпиље

71

Во хидроелектричната централа Шпиље кај Дебар, која е дел од системот на хидроцентралите Црн Дрим, минатата година се произведени 241 милиони и 271 илјади киловат-часови електрична енергија.

“Тоа претставува 1,17% повеќе од Планот на електраната во 2012 година, што е е 238 милиони и 444 илјади киловат часови електрична енергија”, изјави Мирче Котевски, портпаролот на ЕЛЕМ.

Според Котевски, и резервите на вода во Дебарското езеро се поголеми од овој период лани и изнесуваат околу 18 милиони киловат часови електрична енергија.

Исто така наскоро се очекува да стартува и изградбата на уште една хидроцентрала кај Дебар, а тоа е хидроцентралата Бошков Мост, која ќе ги користи водите од неколку реки во областа Мала Река.