Во ентериерниот дизајн застапени се два модела на просторно осветлување. Примарното (главно) осветлување ја искористува природата на таванските и ѕидните осветлувачки уреди да го осветли просторот. Во овој модел ќе ги вметнеме декоративните столни и подни ламби.
Секундарното (местимично) осветлување се користи за дополнително осветлување на одреден простор, како работниот дел во кујната, просторот во кујниските елементи или плакарите и др.
Витрина е фирма која нуди избор на премиум селекција на материјали и производи за ентериери. Меѓу нашата богата понуда имаме осветлувачки уреди опфатени со секундарниот модел, произведени од италијанската компанија Domus Line, фирма специјализирана за развој и производство на светлечки производи, системи и контролери во секторот за мебел. Ако ја земеме во предвид намената на уредите од нашата понуда, можеме да ги поделиме во неколку групи:
Светла за осветлување на внатрешноста на елементите
Ова е група на светилки чија главна примена е да го осветлат внатрешниот простор во елементите. Поставете ваква светилка во Вашиот гардеробер или плакар и без никаква мака најдете го парчето облека или постелнина која ви е потребна. Голем дел од понудата во оваа група светилки имаат вграден сензор кој по потреба ја пали и ја гаси светилката.
Светла за поставување под елементите
Оваа група главно ја сочинуваат светилки кои имаат примена во кујната. Се поставуваат под висечките елементи со цел да го осветлат работниот простор.
SKATE е осветлувачки систем со Master TouchLED, електронски прекинувач на допир. Ова значи дека преку него можат да се поврзат повеќе светилки од SLAVE моделот и сите да се палат и гасат со еден допир. Осветлувањето го создаваат група од 24 LED сијалички елегантно вградени во естетски издизајнираната основа.
Светилката DREAM ја соединува техниката со дизајнот, брза монтажа и безбедност. DREAM гарантира ниска економична и електрична потрошувачка. Придобивки за еко системот на планетата, но и за сите нас.
Осветлувачки ленти со LED технологија
FLEXYLED CR се на врвот во полето на флексибилни LED ленти, всушност со развојот на иновативниот систем на поврзување, се овозможува сериско поврзување на елементи со различна должина и воедно одржувајќи го истото растојание помеѓу 7 осветлувачки диоди.
Заштитата IP44, изработена од смола со висока провидност и самолеплива трака на задната страна, го прават FLEXYLED CR производ кој лесно се поставува и е погоден за голем број на апликации.
FLEXYLED RGB е изработена со LED RGB технологија, опремена со електронски систем на променливи бои и далечински управувач преку кој ја избирате саканата боја и секвенца на мешани бои. Со ова имате можност да го персонализирате просторот со емотивни резултати.
Надсветло
Светла кои можете да ги поставите над одредени елементи како: огледала во купатила, спални, рамки од слики, над кујнските елементи… Во моментов оваа група ја сочинува само моделот Prima UP. Природната бела светлина не е едниствената светла особина на оваа светилка, тука се вклучени ниската потрошувачка и елегантниот дизајн.