Хрватската кондиторска индустрија Краш на почетокот на месецов почна со извоз на производи во Јужна Кореја, а во подготовка е втора пратка за Јапонија, соопштуваат од компанијата, пренесуваат хрватските медиуми.
Отворањето на новите пазари е резултат на долгорочни преговори и соработка со корејските и јапонските претприемачи по остварените контакти на светските саеми.
Краш денес скоро 50% од своите приходи остварува на странски пазари, како пазарите во регионот, Европа, Саудиска Арабија, САД, Северна Африка, Канада и Австралија. Во првите девет месеци од годината, компанијата бележи раст на извозот за 5,5%.
Најбарани производи на Краш на странските пазари се Наполитанките, колачите Домаќица, Дорина чоколадите, Бајадера и Гриоти.
Минатата недела договор за продажба и дистрибуција на Ожујско пиво на јужнокорејскиот пазар потпиша и Загрепска Пивовара.