Производите на МАМА’С дел од светскиот саем Ануга во Германија

63

3

Македонската компанија MAMA’С, којашто е лидер во производство на домашни традиционални производи во прехранбената индустрија, се претставува на најголемиот и најважен светски саем за храна и пијалаци, Ануга, што се одржува од седми до 11-ти октомври оваа година, во Келн, Германија, стои во соопштението.

На површина од околу 284.000 метри квадратни изложбен простор, покрај МАМА’С, на саемот се присутни повеќе од 7.400 изложувачи од 107 земји.

“MAMA’С денес е уникатно позициониран како единствен производител на специјални производи за храна коишто се продаваат во многу премиум продавници во светот, вклучувајќи ги и Fortnum & Masons во Лондон. Ние ги следиме трендовите на храна со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите за вкусна и здрава храна“, изјави Бобан Заев, извршен директор на МАМА’С.

Посетителите на саемот покажуваат огромен интерес за ајварот, лутеницата, малиџаното, како и за слатката на MAMA’С. Како што сами кажуваат, најмногу го ценат фактот што тие се направени од 100% природни состојки – без вештачки бои, адитиви, конзерванси, згуснувачи или скроб. Сертификатите за квалитет, што компанијата ги поседува, само го потврдуваат ова. Побарувачката за здрави состојки е водена од голем број потрошувачки фактори, како што се стареењето на населението, зголемениот интерес за здрави животни стилови, загриженоста за дебелината и зголемената свест за поврзаноста меѓу исхраната и здравјето.

Ануга секоја година ги поставува трендовите, а МАМА’С производите се дел од нив. Оваа не е прв пат македонските производи направени по традиционални домашни рецепти, а произведени од МАМА’С да ја претставуваат нашата земја во светот. За квалитетот на своите производи, компанијата има освоено бројни награди и признанија на саеми од ваков тип. MAMA’С е компанија со значително производство, базирано на состојки од локално потекло, којашто ги продава своите производи во повеќе од 35 земји ширум светот.