Производител на автомобили на работ на банкрот: Сопственикот продава куќа

16

Знаете дека работите тргнале надолу за една компанија кога нејзиниот основач објави дека ја продава сопствената куќа.

Токму таков е случајот со производителот на автомобили Фискер, чиј шеф Хенрик Фискер неодамна објави дека ја продава својата раскошна вила.

Интересното во целата оваа ситуација е што моментално компанијата Фискер вреди околу 25 милиони долари, а вилата во Холивуд што нејзиниот основач ја продава чини повеќе – 35 милиони. Станува збор за комплекс со шест спални соби, осум бањи, базен, сауна и фитнес центар, меѓу другото.

Како што објави порталот Automotive News, вредноста на оваа вила е зголемена во последните неколку години, а може да се изнајми за 125.000 долари месечно.

Хенрик Фискер не кажа дека ја продава куќата поради лошата состојба на компанијата, но факт е дека Фискер неодамна објави дека ќе мора да прогласат банкрот доколку не добијат „финансиска инјекција“.

Исто така, самиот основач неодамна им порача на вработените дека наскоро треба да собере голема сума за да не мора да отпушти поголем дел од работниците.