Производителите на индустриски производи на странските пазари со пониски продажни цени на годишно ниво

14

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се повисоки за 0.8 %, а на годишно ниво се пониски за 2.3 %.

Во февруари 2024, во споредба со јануари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.7 %.

Во февруари 2024, во споредба со февруари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 13.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.7 %.