Производителот на очилата Ray – Ban договори спојување со Essilor

71

ocila

Италијанската компанија Luxottica Group SpA, производител на очилата Ray – Ban и Oakley, со францускиот производител на контакти леќи Essilor International SA, договорија спојување вредно 46 милијарди евра, пишува BBC.

Основачот на Luxottica, Леонардо Дел Вечио ќе биде извршен директор и претседател на новоформираната компанија, којашто ќе се нарекува EssilorLuxottica.

“Бракот помеѓу двете клучни компании во нивниот сектор ќе донесе големи придобивки на пазарот, за вработените и потрошувачите“, вели Леонардо Дел Вечио.

Luxottica, чијашто вредност достигнува 24 милијарди евра, и Essilor којшто вреди 22 милијарди евра, пред две години преговараа за спојување, но тогаш не беше постигнат договор.