Производителот на познатите „мартинки“ е во проблеми, акциите паднаа на историски минимум

21

Производителот на чевли Dr Martens, најпознат по чизмите „Мартинки“, е во неволја бидејќи акциите на британската компанија на лондонската берза денеска паднаа за 30 отсто, на најниско ниво во историјата.

Тргувањето со акциите на оваа компанија беше привремено прекинато во утринските часови.

Компанијата денеска објави прилично негативна перспектива за 2025 година бидејќи очекува послаби приходи, пренесува CNBC.

Фото: Facebook