Производството на нафта и гас во САД продолжува да урива рекорди во 2024 година

18

Производството на нафта во САД се зголеми за 1,4 отсто, а производството на гас за 1,1 отсто во однос на минатогодишниот рекорд, покажуваат податоците објавени од американската Администрација за енергетски информации (EIA).

Минатата година беше рекордна за производство на нафта во САД со просечно дневно производство од 12,93 милиони барели дневно (bpd).

Тој рекорд беше пет проценти повисок од претходниот рекорд од 12,31 милиони барели дневно поставен во 2019 година.

Сепак, тековните податоци од американската Администрација за енергетски информации (EIA) покажуваат дека просечното дневно производство од почетокот на 2024 година изнесува 13,12 милиони барели дневно, што е за 1,4 отсто повеќе од минатогодишното рекордно темпо.

Производството на природен гас забележа слично темпо на раст бидејќи во јануари 2024 година се зголеми за 1,1 отсто на годишно ниво во споредба со истиот месец во 2023 година, објави порталот Oilprice .

Бројот на нафтени и гасни бунари во САД е речиси 20 отсто помал од пред една година, но се очекува растот на цената на нафтата да поттикне понатамошно производство на енергенти во САД, се заклучува во соопштението на EIA.