ПроКредит Банка ги промовира македонските органски производители на германскиот пазар

22

unnamedПроКредит Банка, чие седиште е во Франкфурт Германија, ги промовираше македонските органски производи на саемот за органски производи, кој се одржа на 29 ноември во Есен, Германија, на кој присуствуваа преку 170 учесници. Целта на учеството на саемот е поддршка и промоција на македонскиот агро бизнис сегмент, создавајќи можности за раст и меѓународна соработка во Германија.

ПроКредит Банка презентираше 11 компании од Македонија од неколку сегменти: преработка на органско овошје и зеленчук, органски тестенини, сточарство, трговија со месо, трговија со овошје, зеленчук, печурки и други диви производи, кои поседуваат сертификати за органско производство и трговија со органски производи.

Преку промовирање на органските производи од различните региони каде работи ПроКредит Банка, се развиваат можностите за трговска размена и извоз, како и за размена на технологии.