ПроКредит Банка го прослави својот 10 роденден

37

Sk14-564x272ПроКредит Банка прослави 10 години од своето работење во Македонија, при што кредитното портфолио на Банката достигна близу 200 милиони евра, а депозитното 164 милиони евра.

Банката опслужува 12.000 бизнис клиенти и 69.000 штедачи и е банка со најдинамичен развој во банкарскиот сектор.

“Десет годишното работење на Банката измина во промовирање на одговорно банкарство, унапредување на транспарентноста и инсистирање кон повисоки стандарди во банкарската услуга за единствена цел-поддршка и развој на многу малите, малите и средни бизниси и јакнење на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор”, истакна Јованка Јолеска Поповска, Генерален директор на ПроКредит Банка.

Во иднина Банката планира уште посилна поддршка кон македонските бизниси и стремеж кон подобро општество преку поддршка на развојот на македонските бизниси и промовирање на културата на штедење во државата.