ПроКредит Банка го сертифицираше системот за управување со животна средина со ISO 14001:2015

28

procredit-580x325

ПроКредит Банка успешно го заврши процесот на сертифицирање на Системот за управување со животна средина со меѓународниот сертификатот ISO 14001 – 2015. Процесот на сертификација беше изведен во текот на декември 2016, со што ПроКредит стана првата банка во Македонија со ваков сертификат.

Интергрален дел од клучните вредности на ПроКредит е Системот за управување со животна средина со којшто банката континуирано придонесува кон намалување на негативниот импакт на околината. Ефикасното користење на ресурсите во интерните процеси е една од основните причини за намалување на CO2 емисиите во воздухот што ги емитува секој деловен објект. Чинот на сертификација претставува потврда за успешно воспоставениот систем и институционалната пракса на одржливо деловно работење од аспект на животната средина и усогласеност со домашните и меѓународните стандарди за зачувување на околината.

“Нашата посветеност кон заштита на животна средина може да се согледа преку активностите кои ги применуваме во секојдневното работење. Воведовме електрични возила во нашиот возен парк и со новите две кои ги очекуваме во првата половина од годината ќе располагаме со вкупно седум возила. Користиме обновливи извори на енергија за греење, ладење и производство на струја со што придонесуваме кон намалување на негативното влијание кон околината. Во континуитет имплементираме мерки за ефикасно користење на енергијата и ресурсите кое резултираше во намалена потрошувачка на хартија за 70% и енергија за 40% за последните три години”, изјави Методија Миноски, одговорен во Одделот за управување со животна средина во ПроКредит Банка.

Дополнително, ПроКредит Банка има пласирано преку 35 милиони евра во кредити за инвестиции кои имаат позитивен придонес кон заштитата на околината, заштедата на енергија и искористување на обновливи извори на енергија и е првата банка во Македонија која нуди еко штедење.

Со ова ПроКредит Банка наметнува нови стандарди во банкарскиот сектор со цел поодговорно управување со нашата животна средина.