ПроКредит Банка ja шири мрежата на модерни банки и во Гевгелија

36

1d4c32a8-206b-4dd9-88e9-10ca0b18c18d

Во центарот на Гевгелија, ПроКредит Банка вчера свечено ја отвори новата модерна експозитура, која нуди автоматизирани услуги за претпријатијата и граѓаните од гевгелискиот регион, преку Зона 24/7 која работи секој ден, викенди и празници, како и советодавни и останати банкарски услуги во работното време на советниците за клиенти на банката.

“Важиме за најдинамична и модерна банка во Македонија, зад која стои 100% германски капитал и 100% сигурност и стабилност. Први на македонскиот пазар воведовме модерно и практично банкарство достапно за Вас 24 часа на ден. Веруваме дека ќе бидеме партнер за Вас и Вашиот Бизнис и ќе градиме цврста и долгогодишна соработка со сите Вас тука во Гевгелија и околината“, изјави директорот на бизнис секторот во ПроКредит Банка, Стевче Кузмановски.

Заменик амбасадорот на Р. Германија, Hans Helge Sander и градоначалникот на Општина Гевгелија, Иван Франгов со почесни говори го поддржаа проширувањето на услужната мрежа на ПроКредит Банка, а на настанот беа присутни клиенти на банката, соработници и граѓани од регионот на Гевгелија.

Настанот беше заокружен со донација на речници и англиска литература на градската библиотека Гоце Делчев во Гевгелија. Директорот на Градската Библиотека во Гевгелија, Дамјан Ѓуров лично ја прими донацијата и изрази голема благодарност до банката.

Со оваа експозитура ПроКредит Банка е достапна за бизнисите и населението во Македонија на вкупно 23 локации преку кои нудат модерна банкарска услуга 24 часа на ден.