ПроКредит Банка нуди гарантни шеми за кредитирање на мали и средни претпријатија

50

prokredit-banka

ПроКредит Банка, во соработка со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) нуди можност за полесен пристап до финансии за мали и средни претпријатија, преку две гарантни шеми: InnovFin и гарантна шема поддржана од Фондот за гаранции на Западен Балкан.

InnovFin е заедничка иницијатива на ЕИФ и Европската унија, а е замислена да го олесни пристапот до финансии за иновативни проекти. Наменет е за мали и средни компании до 500 вработени, како и за развојно ориентирани компании и иновативни проекти, компании коишто вложуваат во современи технологии, енергетска ефикасност и го унапредуваат своето работење.

Преку InnovFin програмата, ПроКредит Банка овозможува континуирана поддршка на развојно ориентирани клиенти и овозможува подобрување на нивната конкурентност. За кредитирање преку оваа шема, како што се наведува, потребна е помала вредност на обезбедување. Минимален износ на кредит е 30.000, а максимален 7,5 милиони евра.

Гарантната шема поддржана од Фондот за гаранции на Западен Балкан е заедничка иницијатива на ЕИФ и Фондот за гаранции на Западен Балкан. Иницијативата има цел да го олесни пристапот до финансии за мали и средни компании во Македонија. Оваа шема е наменета за мали и средни компании до 250 вработени, за краткорочни и долгорочни инвестиции.

За кредитирање преку оваа гарантна шема потребна е помала вредност на обезбедување, а дополнително, каматните стапки за кредитите се пониски за 0,25%.

Со шемата се кредитираат инвестиции во фиксни и обртни средства. Максимален рок е 10 години или до 2028 година. Максимален износ на кредитот е 25.000, а максималниот 500.000 евра.